Религијата е важен дел од животите на многу луѓе. Сепак секој различно ја сфаќа и применува религијата, додека некои одат во црква само на големи празници и постат само за најстрогите пости, други луѓе целосно се посветуваат на религијата и се спремни да направат сѐ за да ја испочитуваат.
Свештениците се оние кои треба да им ја доловат религијата на верниците, но што се случува кога всушност тие се оние на кои им треба просветлување? Овие 5 забегани свештеници се пример за тоа до каде може да оди човековата лудост.
Свештеник ги терал верниците да пасат трева
Свештеникот Лесего Даниел им кажал на верниците да пасат трева за да станат едно со Божјиот дух и како верни овци со пастир верниците го послушале. Тој исто така и ги гази верниците за да „докаже“ дека луѓето кои веруваат во Господ не чувствуваат болка.
Свештеник од Зимбабве бакнува жена за да ја ослободи од демоните
Оваа девојка била донесена за егзорцизам бидејќи е „опседната“ од демон според свештеникот и нејзиното семејство. Сепак свештеникот има добра тактика за ослободување од демони која досега не сме ја виделе.
Свештеник им наредил на жените да дојдат во црква без долна облека за да може да „влезе“ во нив Исус
Свештеник од Кенија им наредил на жените кои доаѓаат во неговата црква да не носат гаќички ниту пак прслуци за да може Исус да им „влезе“ како и преку душата, така и преку телото.
Свештеник ги хранел своите следбеници со змии
Пенуел Мгуни ги убедил своите следбеници да јадат змии за да станат едно со Бога. Тој исто така е познат по тоа што ги убедил да јадат и кучешко месо и да пијат бензин.
Свештеник ги прскал верниците со спреј против инсекти
Летибо Лабалаго решил своите следбеници да ги напрска со спреј против инсекти со цел да ги ослободи од демоните. Иако за демоните не сме баш сигурни, сепак овие верници биле ослободени од муви.