Женетиот трговец кој случајно ја убил својата љубовница употребувајќи краставица како секс играчка добил условна казна и излегол слободен од судницата, и покрај тоа што бил обвинет за убиство од небрежност. Четириесет и шестгодишниот Оливер Дитман, татко на едно дете, ѝ ставил краставица во устата на неговата врсничка и љубовница Рика Варна, и потоа излегол надвор на цигара, оставајќи ја да се задуши. Кога се вратил во спалната соба, Варна била во бесознание и медицинските експерти подоцна утврдиле дека краставицата ѝ се заглавила во грлото, ѝ оневозможила да дише, по што таа паднала во кома.
Дитман бил изведен пред суд во југозападниот град Манхејм, при што во судницата присуствувале и таткото и сестрата на починатата жена. Судот слушнал за тоа како тој често употребувал зеленчук како замена за секс играчки, како моркови и тиквички. Тој раскажал дека со Варна се запознал во 2004 година, но нивната врска прераснала во сексуална пет години подоцна. Во јули 2014 ја ја поканил кај него дома, додека неговата сопруга и неговата ќерка не биле дома, и ѝ кажал дека ќе употреби краставица „за да ја задоволи“. Дитман признал дека пред тоа испиле четири шишиња вино и неколку чаши шнапс(ракија). Обдукцијата подоцна покажала дека износот на промили алкохол во крвта ѝ изнесувал четири пати повеќе од дозволеното ограничување за управување со автомобил. Раскажал дека краставицата ѝ ја ставил в уста, но потоа од кујната нешто му замирисало на изгорено и се сетил дека готвел месо за неговото куче. „Се стрчав во кујната, го нахранив кучето и излегов на балконот да испушам цигара.“
Кога се вратил, жената паднала во бесознание. „Се обидов да ги извадам парчињата од краставица од нејзината уста, но сето тоа се беше претворило во каша и не можев да извадам ништо.“ Обвинителот Рајнхард Хофман пред судот кажал дека обвинетиот требало да биде свесен за ризикот и не требало да ја остави сама толку долго. Но, судијата пресудил дека тоа „очигледно било грешка и трагичен несреќен случај.“ Патрик Сенгхаус, адвокатот на Дитман, кажал: „Мојот клиент не бил свесен за опасноста. Тие често имале ваков вид на секс, таа не била врзана и тој сметал дека ако краставицата претставувала проблем, таа ќе можела и самата да ја извади.“
Покрај условната казна во времетраење од дваесет месеци, Дитман добил и парична казна во износ од 6000 евра.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!