Жена од Охајо го изгубила видот на левото око откако нејзината мачка ја излижала по него и ѝ предизвикала инфекција позната како фелиноза, болест предизвикана од драскање од мачка. Жената по име Џенис Волтерс најпрвин мислела дека добила конјунктивитис, а нејзината состојба ги збунувала докторите кои не можеле да ја откријат причината за нејзиниот проблем, но кога им кажала дека има мачка, веднаш се посомневале дека токму таа е причината.
Д-р Крис Брикман од Универзитетот на Толедо објаснува:
„Болеста се добива кога и најмалите ранички и гребнатини ќе дојдат во допир со устата или јазикот на мачката. Можете да си играте со вашите мачки, но веднаш потоа да си ги измиете рацете. Не дозволувајте да ви лижат отворени рани и внимавајте да не ве гризне мачка.“
Болеста може да ги погоди мозокот, очите, срцето и други витални органи. Иако сериозните компликации се ретки, сепак по ваквата инфекција се наложува интензивен третман. Фелинозата најчесто се јавува кај децата до пет години и кај лицата со послаб имунитет.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!