Кога луѓето ќе изгубат дел од вишокот на тежина автоматски очекуваат нивниот живот да тргне на подобро. Но, не мора да значи дека намалувањето на тежината ќе ве направи посреќни. Кога Кели Гловер одлучила да изгуби 67 килограми, мислела дека нејзиниот живот драматично ќе се промени на подобро. Сепак 39-годишната жена останала огорчена и разочарана, особено од недостатокот на „машко внимание“, кое што не го добила иако драстично ослабнала.

Кели која потекнува од Австралија, но живеела во Холивуд 10 години, била самоуверена во нејзината способност да привлекува машки погледи, кога имала 152 килограми, таа напишала во својот текст за MamaMia:

„Кога имав 152 килограми машките ме покануваа да излеземе. Сериозно. Нонстоп! Кога живеев во Холивуд мажите буквално ме бркаа низ улиците само за да зборуваат со мене. Ова никогаш не се случува во Австралија, додека во ЛА ми се додворуваа во супермаркет, во теретана, во такси, па еднаш дури и кога бев зад бариерата на полициска пресметка (сериозно). Откако изгубив 67 килограми очекував романтична комедија, со запознавање на слатки момци и состаноци секој викенд, но не. Досега имаше само штурци.“

Кели која е блогер кој го опишува каков е животот да се биде „гламурозно дебела“ одлучила да ги намали килограмите кога се вратила од САД во Австралија. Таа одлучила да праша еден нејзин пријател за да и помогне да сфати зошто нејзиниот љубовен живот не тргнал на подобро. Кели, добила искрен и суров одговор. Ова е преводот на разговорот помеѓу Кели и нејзиниот пријател:

 

Кели не го земала во предвид овој поглед на работите. Таа подоцна напишала: „Момент на сијалица. Не е до мене, до нив е! Овие момци мислат дека сега нема автоматски да им кажам ДА и затоа не ми приоѓаат. Оваа откритие ме потсети на митот ‘дебелите девојки се лесни’, што патем како ‘дебела девојка’ веќе 40 години можам да потврдам дека се куп глупости. Ако постапувате исто ќе добиете исто, затоа ќе бидат потребни промени. Ќе почнам да користам Bumble (апликација преку која жените први им пристапуваат на мажите). Нема повеќе да чекам буквално да ме бркаат мажи. Време е да ги размрдам работите и да го направам првиот потег.“

Сподели на Facebook
пати видено