Елора Харди ја напуштила својата успешна кариера во њујоршката модна сцена за да гради куќи од бамбус во Индонезија. Жителката на Бали и нејзиниот тим ги поминале последните пет години револуционизирајќи ја конструкцијата со бамбус со верување дека тој е недоволно употребуван, а сепак идеално обновлив материјал. Харди го употребува хемискиот елемент бор за да го направи бамбусот отпорен на инсекти.
Таа била инспирирана од нејзиниот татко, кој го „одбра бамбусот за сите градби во кампот, бидејќи го виде како ново ветување“, објаснува таа. „Тоа е ветување за децата, обновлив материјал кој никогаш нема да го снема. А кога првпат ги видов овие структури во изградба пред шест години, едноставно си помислив – ова има совршен смисол…Зошто не се случило порано, и што е следното што би можеле да го направиме со него?“
Бамбусот ја има компресивната цврстина на бетонот, соодносот цврстина-тежина на челикот и едно од растенијата кои најбрзо растат во светот. Неговата најголема слабост се оштетувањата од влага и инсекти, но ако се заштити, градбите од бамбус можат да траат вечно.