Автобусот тргнува од станицата, а една жена почнува да трча по него и да вика на цел глас:
– Застани, застани, запрете го автобусот, ќе задоцнам на работа!
Патниците ја гледаат, ги фаќа жал за жената, па му викаат на возачот да го запре автобусот. Жената задишана влегува во автобусот и вели:
– Фала ви многу, за малку ќе задоцнев за работа. А сега, вадете ги картите за контрола!