Сиромаштијата ги приморува луѓето да се радуваат на работи кои ние секојдневно ги правиме и поседуваме и не обрнуваме внимание на нивната важност. Купуваме чевли за разли пригоди и временски сезони и се почесто ги бираме од аспект на модата, а не за нивната сама намена.
Оваа жена од Уганда со години се движела по жешката земја без чевли, ова е нејзиниот прв пар патики во животот. Лаура Гриер случајно поминувала ѝ ја забележала жената и решила да ѝ го даде својот резервен пар патики. Реакцијата на жената покажува какво значење има за неа овој навидум мал подарок.