Ливерпулскиот фудбалер Дејан Ловрен го пропуштил Евро 2016 бидејќи дознал дека жена му имала афера со шумар. Хрватската фудбалска ѕвезда, кој на Ливерпул му се приклучи во 2014 година за 20 милиони фунти и заработува 65 000 фунти дневно, ја однел својата сопруга Анита на одмор за да се смират, откако дознал дека таа се забавувала со нејзиниот стар пријател Дарио Торбиќ, кој заработува само околу 230 евра месечно. 27-годишниот Ловрен бил „повреден“ и „засрамен“ кога дознал за неверството, но неговите пријатели велат дека тој е решен да стори бракот со мајката на неговите две деца да успее.

hr01

Тие се заедно уште од кога имале 16 години, но од неодамна нивната врска минува низ бурен период. Минатиот декември Анита се запознала со Дарио кога го посетила својот роден Загреб, а кога се вратила во Велика Британија, повторно се сретнала со него во хотел во Ливерпул.

hr02

По таа средба, љубовниот пар си разменил стотици пораки, и во март таа на кратко се вратила во ХРватска, каде што се консултирала со адвокат за развод, за потоа да се врати во семејниот дом со децата Елена (3) и Јосип (1).

hr03 hr04 hr05

Кога Ловрен дознал за тоа, тоа ја повредило неговата гордост а исто така се одразило и на фудбалскиот терен. „Обично фудбалерите ги изневеруваат своите жени, а не обратно“, велат негови пријатели.

hr06

Сподели на Facebook
пати видено