Како и повеќето авантуристи 36-годишната Ангела Максвел тргнала на своја мисија. Таа има пешачено низ 9 држави и поминала над 10.000 километри во период од 3 години. Ангела тргнала од Орегон, каде што живеела, а нејзиното омилено место кое што го пешачела е Австралија, Кимберли.

„На еден час по уметност слушнав за човек кој пешачел низ светот. Мислев дека тоа е луда но и интересна замисла. Сите ние имаме голема авантура во нас. Чувствував дека имам цел да одам на прошетка низ светот а не само на долга прошетка,“ вели Ангела.

Прошетката за започнала од нејзиниот омилен континент, Австралија и таа пешачела од Перт до Калумбуру, без да користи ниту еден вид на превозно средство.

„Пешачењето во Кимберли, Западна Австралија беше дефинитивно најголемиот предизвик за мене, но сепак ми е и омиленото место. Звукот на тишината во црвената пустина и прекрасното ноќно небо оставија голем впечаток на мене,“ изјавила Максвел.

Максвел признава дека тоа што живее од 5 долари на ден, е од потреба а не од намера. Таа продала се што имала за да собере неколку илјади долари за да тргне на патувањето, а сега живее од диетална храна, овесна каша и од добрината на непознати луѓе.

„Луѓето кои ги сретнувам на патувањата се многу дарежливи. Ми доволуваа да останам во нивните домови, собираа донации а едно училиште во Австралија организираше и „акција со вода“, во која учениците ме чекаа на одредени места за да ми дадат свежа вода,“ вели Ангела.

Таа обично пешачи по 20 до 30 километри на ден, а кампот го поставува на зајдисонце. Се што поседува таа се наоѓа во количка која што ја нарекува „Атена“, а во неа има храна, вода и шатор. Ангела преферира да кампува во шума и секогаш гледа да најде безбедно место за да го постави кампот.

Како најлошото искуство за време на нејзината авантура го наведува кампувањето во Монголија, каде што била заглавена во шаторот три дена поради снежна бура. Ангела вели: „Направив снешко внатре во шаторот и пеев Божиќни песни за да се развеселам и да не го изгубам разумот.“

Моментално Ангела пешачи низ Европа. Таа се наоѓа источно од Англија, па ќе ја помине Франција, швајцарските планини, јужниот дел од Италија и ќе го заврши патувањето во Сицилија.

  

Сподели на Facebook
пати видено