Во нивната потрага по фонтаната на вечната младост, овие жени примениле чудни методи кои се толку привлечни со нивната едноставност и екстремни во самата замисла. Тие решиле појавата на брчки да ја стават под контрола така што НИКОГАШ нема да се насмевнуваат (освен во еден случај во кој жената се смеела СЕКОГАШ).
Во редовите кои следуваат прочитајте за тоа какви неверојатни жртви направиле во името на убавината!
Ова е Тес Кристијан, 50 години
Почнувајќи од нејзината десетгодишна возраст, таа не се насмеала ниту еднаш
Не се насмевнала дури ни кога ѝ се родила ќерката
„По раѓањето на Стиви бев обземена од радост, но сепак не чувствував потреба да се насмевнувам“
Таа вели дека тоа ѝ помогнало да го одржи нејзиниот младешки изглед
„Мојата стратегија е поприродна од Ботокс и поефективна од било кој скап крем за лице“
„Тоа не значи дека сум мизерна личност. Го сакам животот. Само не чувствувам потреба да го покажувам тоа шетајќи наоколу со озабено лице.“
„Моите пријатели ме нарекоа Мона Лиза, според сликата на Да Винчи. Се вели дека Мона Лиза тивко се забавувала, исто како и јас. Само не го покажувам тоа.“
Ова е Вики Кид, 38 години
Решила да престане да се смее пред пет години, кога се разделила со нејзиниот партнер
„Линиите на моето лице се продлабочуваа како што напредуваше возраста и почнав да се грижам дека ќе бидам изоставена“.
Кристин Ремнант, 70 години, има поинаква стратегија
Кога имала осум години решила никогаш да не престане да се насмевнува
Вели дека тоа ѝ помага да ја спречи појавата на брчки на челото