Својата свадбена ноќ Вирџинија Вајс ја поминала во болница. На нејзиниот совршен ден му дошол крај и тоа било пресвртната точка кога таа сфатила дека е време за големи промени во нејзиниот живот. Г-ѓа Вајс тежела 272 килограми и иако таа не била хоспитализирана само поради својата тежина, тоа дополнително го влошило проблемот.
„Секоја невеста сонува за совршена свадба и мојата беше навистина прекрасна, но при крајот ми се слоши и се најдов во болница“, раскажува таа. „Начинот на кој мојот сопруг ме гледаше ми го скрши срцето. Тој беше толку уплашен и загрижен и јас никогаш повеќе не сакав тој да ме гледа така.“
По две години од таа ноќ, 37-годишната Вајс ослабела неверојатни 157 килограми. Сега тежи 115 килограми. Првите 50 килограми ги симнала со диета и вежбање, за потоа да се подложи на хирушки зафат и да ослабне дополнителни 107 килограми. Вајс, која во Австралија се доселила од САД, развила нездрав начин на исхрана уште како дете.