Кога Јукако Фукушима ќе го впери изработениот вештачки прст кон светлината, во еден краток миг тој воопшто не се разликува од нејзините сопствени, вистински прсти. Ништо на него не упатува кон тоа дека е лажен. На неизвежбаното око тој му се чини беспрекорен, и наскоро неговиот нов сопственик, еден од стотиците јапонски мафијаши кои самите си го отсекле малиот во знак на каење и понизност, ќе може да си го земе како замена за неговиот прст. Благодарение на протезите на Фукушима, тој по напуштањето на јапонското подземје повторно ќе може да се врати во нормалното општество и да живее без стигма.

fk01

Овие луѓе се членови на Јакуза – огромната јапонска мрежа на организиран криминал – коишто се очајни да го остават своето криминално минато зад себе. Но, тие кои нешто ѝ згрешиле на организацијата, било да се работи за затајување на средства, неуспех да се врати некој долг, или едноставно го навредиле нивниот шеф – традицијата им наложува самите да си гоотсечат малиот прст во знак на каење. И кога ќе се вратат во нормалното општество, ова е еден од главните знаци кои можат да го откријат нивното проблематично минато.

Тука настапува Фукушима. Во изминатите две десетлетија четириесет и четиригодишната жена рачно изработува вештачки мали прсти за бившите гангстери, мала козметичка инвестиција која им помага да си најдат работа или животна сопатничка, и со тоа шанса за нов почеток. Во пресрет на неодамнешните полициски предупредувања дека Јамагучи-гуми, најмоќниот криминален клан на Јапонија, е во состојба на војна со соперничкиот клан, следните месеци можат да ѝ бидат најработните во нејзината кариера.

„Ова не е нешто со што планирав да се занимавам долгорочно, и сакав да си побарам друга работа која некој ми кажа дека јас сум единствената личност во Јапонија која работи ваква работ.а“, вели Фукушима, којашто работи за работилницата Арте во центарот на Осака.

„Ако загубите прст во сообраќајна несреќа, луѓето ви сочувствуваат“, вели Фукушима, којашто двапати била наградена од страна на јапонската влада затоа што им помага на јакузите да се рехабилитираат и реинтегрираат во општеството. „Но, тоа не е така со јакузите. Повеќето од нив не можат да стекнат доверба поради нивните тетоважи или отсечени прсти.“

fk03

Нејзината одлука да продолжи да изработува вештачки прсти за поранешните гангстери резултирала со раскин на нејзината врска и критики од страна на нејзиното семејсво бидејќи ги потпомогнува мафијашите. Но, во исто време се случила и драматична побарувачка на нејзините услуги. Законот против организираниот криминал од 1992 година го стави јапонското подземје под невиден полициски надзор. Во содејство со пукањето на јапонскиот економски балон се намали и трпението кон кое јапонското општество и јапонската јавност со децении го имаа кон мафијата, што предизвикало голем број мафијаши да затропаат на вратата на Фукушима во потрага по нов почеток.

„Гласот многу бргу се шири меѓу членовите на јакуза, особено кога се во затвор“, вели таа. Фукушима се согласува да направи мал прст, кој може да чини повеќе од 2000 евра, само под определени услови. Група основана од обласната полиција во Осака со цел да ја помогне рехабилитацијата на поранешните јакузи ја запознава со потенцијалните клиенти дури откако ќе потврдат дека тие решиле да започнат да живеат чесен живот.

„Ми треба доказ дека тие дефинитивно решиле да ја напуштат мафијата, и не прифаќам екстра пари од луѓе кои сакаат да го прескокнат редот“, вели Фукушима, која е родена во Осака и чијшто силен акцент не се разликува од истиот на многу нејзини клиенти. „Сум имала поплаки од гангстери на коишто не им се допаднал изгледот на нивниот нов прст, но не се осврнувам на заканите, дури и кога ќе дојдат овде и ќе почнат да ми го расфрлаат мебелот. За среќа, тоа не се случува често, а и полицијата ме чува.“

fk04

Се смета дека јубицуме – што буквално се преведува со „кратење прст“ – започнало да се применува меѓу коцкарите од бакуто феудалната ера, за кои се смета дека се претходници на јакуза. Луѓето кои не можеле да си ги вратат долговите биле присилени да си го отсечат врвот на нивниот лев мал прст, што ги правело помалку ефикасни како мечувалци. Вообичаено, денешните мафијаши употребуваат нож остаар како жилет за да го исечат малиот прст кај најгорниот зглоб, по што отсечениот дел го заврзуваат во ткаенина и го предаваат на нивниот шеф. Спротивно на раширеното верување, автоампутацијата ретко се изведува како доброволна жртва. Доколку се продолжи со грешките, следуваат повеќе ампутации, почнувајќи со вториот зглоб на малиот прст, а во некои крајни случаи се продолжува и со десната рака.

Сподели на Facebook
пати видено