Се испокаравме нешто со жената и во еден момент таа почна да ме брка од дома.
Жената:
– Собери си ги парталите и марш надвор! Оди си таму каде што си по цела вечер!
Си ги собрав најнеопходните работи во два куфери, слегов и ја запалив колата, а таа вреска по мене од балконот:
– И полека да умираш! Бел ден да не видиш! Од малтретирање по цел ден, да се исушиш!
Јас само ја прашав:
– Е сега ме збуни!? Сакаш да си одам или да се вратам?

Сподели на Facebook
пати видено