Бременоста на Кејт Хил била толку невообичаена што нејзините мали девојчиња се сметаат за вистинско чудо. Оваа мајка од Бризбејн и нејзиниот сопруг Питер се мачеле да зачнат. Во 2006 ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници поради што не можела да овулира. Била подложена на хормонски третман и забременила, и тоа не еднаш, туку двапати, со временско растојание од десет дена, и покрај тоа што пред тоа со нејзиниот сопруг сексуален однос имале еднаш. Ова е толку редок медицински феномен што досега медицински се регистрирани само десет вакви случаи во целиот свет. Ваквиот вид зачнување се нарекува суперфетација, што во основа значи дека забременила додека веќе била бремена.

bb01

„Суперфетацијата е крајно ретка – забременив и моето тело спонтано испуштило друга јајце клетка. Уште почудно е тоа што пред да забременам, јас и мојот сопруг имавме однос само еднаш – неговата сперма останала жива десет дена и ја оплодила и втората јајце клетка.“

Да биде уште почудно, нејзината првична бременост започнала со близнаци, а кога десет дена подоцна пак забременила, во својата утроба веќе носела три деца. За жал, уште за време на раната бременост тие изгубиле еден од близнаците, и за пораѓањето добила два датуми, 20 и 30 декември 2015 година.

bb02

Двете прекрасни девојчиња, Шарлот и Оливија се родиле два дена пред терминот закажан за царски рез.  Тие многу се разликуваат во поглед на нивната големина, тежина и развој. Покрај тоа, сега веќе десетмесечните деца имаат и различна крвна група. Акушерот на г-ѓа Хил, д-р Бред Армстронг изјавил дека овој случај е толку редок, што не можел да најде литература за него, па морал да го користи Гугл за да се информира.

bb03 bb07

Неверојатното раѓање било снимено од страна на Селена Роласон, која во 2016 била прогласена за Австралиски породилен фотограф на годината.

bb04 bb11 bb10 bb09 bb08 bb06 bb05

Сподели на Facebook
пати видено