Жена во осмиот месец на бременоста била присилена да стои повќе од половина час бидејќи некој си бизнисмен не сакал да ѝ го отстапи местото коешто таа го резервирала. Дваесет и деветгодишната Мари-Клер Дулан му го покажала билетот како доказ дека резервирала, но тој „ѝ се насмеал в лице“ и одбил да стане сѐ до неговата станица. Долан, која е од Манчестер, Велика Британија, вели дека се почувствувала посрамено и се загрижила дека ќе мора да стои цел час и половина, колку што траел нејзиниот пат.

„Веќе бев уморна и чувствував болки, и да бидам искрена, во поодмината бременост, веројатно не би ни требало да патувам, па затоа се погрижив да резервирам место. Му реков дека местото е резервирано и застанав така да види дека сум бремена, но тој ме игнорираше. Системот за електронско резервирање се беше расипал и јас му го покажав билетот. Тој го погледна, само ми се насмеа в лице и ја сврте главата. Останав да стојам повеќе од половина час, коешто беше речиси неиздржливо, но не сакав да замолам некој друг да стане и да ризикувам пак некој да ме исмее. Ме болеа нозете и грбот и ми се лошеше. Бев во големи болки, но за среќа на крај се најде слободно седиште.“

br01

Таа додава дека била разгневена поради фактот дека другите патници не сториле ништо. „Никој не стори нешто да ми помогне или да интервенира. Никој не ми го понуди своето седиште. Луѓето само ги вртеа погледите преправајќи се дека не виделе ништо.“

Дулан подоцна прашала контролор за билети дали таа била во грешка, но тој ѝ потврдил дека човекот најверојатно ја извадил картичката за резервација од нејзиното седиште.

br02

Таа додава: „Секогаш мислев дека е непишано правило дека треба да го отстапите седиштето на бремена жена и да ѝ дозволите прва да се качи во возот. Тоа едноставно е знак на учтивост. Но, во возот сите ме туркаа, а тој човек ми се намсеа в лице кога му реков дека седиштето е резервирано – можеби луѓето сега вака патуваат?“

  br04

Сподели на Facebook
пати видено