Шокантни снимки од надзорните камери го покажуваат моментот во кој, жена која што џогирала е нападната од осудуван силувач во сред бел ден. 57-годишниот Гордон Лионс од Бриџватер, Масачусетс, оттогаш беше уапсен и обвинет за киднапирање, непристоен напад на телото на едно лице. За среќа, храбрата 37-годишна жена, која џогирала тоа утро успеала да се одбрани од напаѓачот.
Таа врескала и го турнала напаѓачот на земја, а тој во паника се вратил во автомобилот, откако забележал дека се приближува 85-годишниот сосед, кој прашал што се случува. Гордон еднаш веќе бил осуден за силување во 1978 година. Жената дури и успеала да го фотографира автомобилот на Гордон, фотографија која подоцна и помогнала на полицијата да го пронајде напаѓачот.
Возач кој го видел нападот тргнал со автомобилот по Гордон во моменот кога тој заминал од местото на нападот. Напаѓачот доживеал сообраќајна несреќа недалеку од местото на нападот, а кога полицијата пристигнала да го уапси во болницата, тој се криел под чаршафот.
„Продолжив да размислувам дека ова не се случува. Дури и кога истрча од автомобилот, мислев дека можеби му треба итна медицинска помош. Но, кога тој трчаше право кон мене, си помислив, во ред, ова се случува. Тоа беше моментот на страв и ова: ‘Нема да дозволам да се случи ова. Ова не е крајот на мојата приказна.’“, изјавила храбрата жена.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!