Делаџуреа Брукинс се запознала со маж во клуб во Мајами и откако отишле во неговата соба таа успеала да му украде 5 Ролекс часовници вредни над 108.000 долари.
Откако 46-годишниот Рамон Рамирез сфатил дека му ги нема часовниците решил да се соочи со 29-годишната Делаџуреа.
Таа не признавала дека му ги украла часовниците и почнала да го удира во лобито на хотелот. Тогаш била повикана полиција и во чантата на Делаџуреа бил пронајден само еден часовник Hublot вреден 22.000 долари. Останатите часовници биле откриени кога таа била однесена во затвор.
За време на деталниот претрес во вагината на Делаџуреа биле пронајдени останатите украдени 4 Ролекс часовници. Скапоцениот плен вклучувал платина Daytona модел кој може да чини повеќе од 60.000 долари и уште еден со дијамантски рамки.
Делаџуреа била обвинета за кражба, поседување на кокаин и воведување на шверцувани предмети во поправна установа.