Жена од Кина, градот Венлинг изнајмила Ферари 458, вредно над 500.000 евра и успеала да направи сообраќајка само неколку минути откако излегла од салонот за изнајмување. Таа игубила контрола врз возилото во лизгавите услови и удрила во БМВ Х3, создавајќи целосен хаос во центарот на градот.

Само неколку моменти пред сообраќајката жената се фалела во видео за социјалните медиуми за нејзиното изнајмено возило, велејќи: „Прв пат возам Ферари. Ова е навистина најневеројатното чувство.“

Жената и сопатничките кои биле со неа во автомобилот не се повредени, а се проценува дека ќе биде потребно половина од целокупната вредност на автомобилот, за да се надомести штетата.

Сподели на Facebook
пати видено