Градот Кришнагар во Индија е во шок. Поради тоа што кучка скитник избрала да роди во близина на вратата на домот на една жена, оваа решила да ја казни така што ѝ ги убила сите осум кутриња пред очите на кутрото животно. Локалните жители бараат правда поради овој зол чин.

kc02

Травматичен чин на суровост

На жената не ѝ се допаѓало присуството на кучката и нејзините кутриња пред нејзината врата. И така решила да ги убие сите едно по едно пред очите на мајката, која беспомошно гледала, не можејќи да стори ништо за да ги спаси своите рожби.

kc03

Ги убивала фрлајќи ги силно на камен, па така малечките немале никаква шанса да преживеа. Морбидната сцена била откриена од соседите на жената, кои велат дека ги удирала толку силно, што на некои од малечките им биле излезени цревата. Локалните жители се ужаснати и за медиумите раскажале дека кучката постојано трчкала околу мртвите малечки, обидувајќи се да ги разбуди и барајќи помош во очите на секој човек.

Извршителката на ова ужасно злосторство воопшто не се кае за стореното. Според нејзино кажување, таа сакала да му одржи лекција на животното за веќе да не се приближува до нејзината куќа.

kc04

Индиските власти го истражуваат случајот

Веднаш штом пристигнала полицијата, жената била уапсена, а потоа ослободена со кауција. Според индиските закони, за оваа своја постапка таа би можела да одлежи пет години затвор.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено