Една од најнепријатните ситуации е кога сонуваме лош сон и се будиме од него, а потоа се обидуваме да сфатиме дали нешто од тоа било реалност или не. Обично, по неколку добри трепкања, ќе откриете дека всушност не демне тигар до вашиот кревет.
Ниту, пак, шетате голи околу вашиот локален трговски центар. Сепак, за една жена од Калифорнија, живописниот сон се покажа дека има во исто време болна и смешна страна.
Идната невеста, Џена Еванс од Сан Диего, веќе долго време доживува „возбудливи“ и „живописни“ соништа кои честопати се одигруваат како филмови спакувани со акција. Една вечер, 29-годишната жена сонувала дека таа и нејзиниот иден сопруг Боби биле на брз воз, каде се соочиле со групата негативци.
Во обид да го заштити својот свршенички прстен од 2,4 карати од криминалците Боби ја натерал да го проголта. Кога Џена станала наутро прстенот повеќе не бил на нејзината рака. Таа набрзо сфатила дека навистина го проголтала прстенот додека спиела.
Таа го разбудила свршеникот Боби и му ја објаснила ситуацијата, потоа со малку смеа и страв отишле во болницата. Откако пристигнале во одделот за итна медицинска помош, Џена првично се борела да ја објасни нејзината состојба на медицинските лица, бидејќи истовремено се смеела и плачела.
Лекарите ѝ кажале дека е најдобро да не чекаат „природата да си го заврши своето“ бидејќи прстенот може да ѝ ги скине црвата или да се заглави во дигестивниот тракт. Тие се одлучиле за горната ендоскопија и ѝ кажале на Џена дека не е ништо страшно пред да ѝ ги дадат документите да потпише дека тие не се виновни доколку таа почине.
За среќа се завршило добро и лекарите го извадиле прстенот и му го дале на Боби. Сега Џена повторно го носи својот прстен и ветила дека нема да го проголта, а исто така ќе посети и специјалист за спиење.