Она што е важно е вашиот нагон, енергија и страст, а не вашето знаење, вештини или професионализам. Се чини дека ова е мотото по кои живее Рода Јанг, која за себе вели дека е „репортер волонтер“.
Рода стана позната и широко на Интернет поради тоа што се преправаше дека е известувач во живо на Фејсбук. За нешто помалку од еден час во видеото кое можете да го видите подолу смешната жена реши случај на подметнување пожар и на крајот сторителот беше уапсен и од полицијата.
Рода забележала куќа која горела во Норфолк, Вирџинија. Таа решила за застане и да го „истражи“ случајот ккао и да известува за него. Жената додека снима зборува за ситуацијата и користи изрази како: „Пожарот е во целосна активна должност сега“, опожарената куќа ја нарекува „кучка“, а себе се нарекува „волонтер“.
Тогаш Рода му поставува прашања и на сопственикот на куќата кој не изгледа премногу загрижен. Но, она што е најимпресивно е дека Рода ја реши мистеријата зад подметнувањето побрзо од детективите во сериите.
Таа почнува да разговара со сопственикот на куќата Доналд Вилијам кој пиел пиво надвор во дворот. Рода се обраќа пред нејзината публика на Фејсбук велејќи дека тој не знае „како неговата куќа се запалила“.
Рода забележала дека му се изгорени косата и пантолоните, за кои сметала дека се сомнителни, и почнала да се прашува кој е можеби виновен за пожарот. Бидејќи му била оштетена облеката, косата и имал изгореници на лицето, Рода се сомневала во сопственикот на куќата. Таа исто така дознала дека пожарот започнал на вториот кат, а човекот бил на тој кат.
Откако го обвинила Вилијам се обидел да ѝ го тргне телефонот, а таа му одговорила: „Не ме удирај бејби затоа што ќе ти возвратам.“ Нејзините сомнежи се потврдиле откако пристигнала полицијата и го уапсила човекот. Тој признал дека го подметнал пожарот.