Жена влегува во секс шоп и му вели на продавачот:
– Сакам да купам вибратор!
Продавачот љубезно вели:
– Госпоѓо, изложени се на ѕидот зад мене, одберете си!
Таа долго време избира и конечно вели:
– Дајте ми овој црвениот, таму долу десно!
– Не се продава! – Повторно љубезно одговорил продавачот.
Жената зачудено:
– Зошто?
– Затоа што, госпоѓо, тоа ни е противпожарниот апарат!