Светот е чудно место и станува се побизарен. Кога ќе помислите дека не можете да видите почудна работа тогаш нешто ново излегува на виделина. Овој пат за тоа е „виновна“ природата.
Кога оваа корисничка на Твитер пронашла чуден, неидентификуван предмет во нејзината градина, таа веднаш се вознемирила. Таа не знаела што преставувало мистериозното лигаво јајце и била прилично загрижена, а решила и да го сними кога забележала дека чудното „нешто“ почнало да се движи.
Чудното јајце почнало да се „испилува“ а жената продолжила да го снима. Чудна црвена форма почнала да излегува од јајцето и не можела убаво да се види се до самиот крај. Колку и да изгледа како такво, ова „јајце“ не е вештачки дизајнирано туку станува збор за вистински, жив, дишечки организам. Видеото веднаш станало вирално, бидејќи луѓето се прашувале што има во јајцето.
Всушност станува збор за печурката „ѓаволски прсти“(Clathrus archeri). Печурката потекнува од Австралија и Нов Зеланд. Сепак, неодамна била донесена во Европа, Северна Америка и Азија. Кога ќе созрее оваа печурка смрди на гнило месо и се уште нема доволно познавања за овој чуден вид на габи.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.