Не е убаво да се краде, како прво од морални причини, а како второ можете да завршите во затвор. Сепак некои неочекувани крадци не можат да се казнат толку лесно. Најмногу што можете да направите е добро да се насмеете и да се извините и да надоместите за направената штета.

Џејд Џефрис од Нов Зеланд открила дека еден палав член од нејзиното семејство влегол во „криминални води“ и таа не знаела како да се справи со ситуацијата, откако виновникот го фатиле на камера.

Неколку месеци по ред Џејд во својот дом забележувала весници и списанија на кои не била претплатена. Жената била збунета зошто некој ѝ ги носи, па дури и го прашала поштарот да нема некоја забуна. Откако и одговорил дека тој не е одговорен за мистериозните весници, Џејд почнала да се сомнева во некој друг.

Секој кој чува мачка е навикнат таа да му носи „подароци“. Најчесто станува збор за мртви животни или пак некоја храна. Мачорот на Џејд, Макс не би се сложил со тоа. 10-годишниот мачор по природа бил многу палав и додека бил мал Џејд едвај го припитомила.

Она што направило Џејд да се посомнева во мачорот биле трагите од заби на весниците. Таа била скоро сигурна дека Макс е крадецот, но нејзините сомнежи сосема се потврдиле откако нејзиниот син го фатил на камера како се враќа со весник во устата од дворот на соседите.

Сподели на Facebook
пати видено