Госпоѓата Ли од Кина ги однела нејзините деца на училиште, а за тоа време сопругот требал да замине на работа. Кога таа се вратила дома забележала дека врата е заклучена однадвор и слушнала звуци кои доаѓале од станот. Жената веднаш повикала полиција, убедена дека крадци влегле во нејзиниот стан.
Кога дошла полицијата почнала да го пребарува станот. Влегле во спалната соба и слушнале звук од плакарот. Кога го отвориле внатре имало маж. Еден од полицајците почнал да вика: „Излегувај, излегувај, излегувај!“, верувајќи дека го фатиле крадецот.
Тогаш г-ѓа Ли рекла: „Ох, извинете, изгледа сум погрешила. Ова е мојот сопруг.“ „Крадецот“ кој Ли го слушнала всушност бил нејзиниот сопруг. Тој ја излажал сопругата дека ќе оди на работа, но всушност земал слободен ден за да може да игра видео игри.
Тој не очекувал дека Ли ќе се врати дома толку брзо и кога ја слушнал на вратата влегол во плакарот за да се скрие од неа, бидејќи се плашел дека ќе го прекорува затоа што е мрзлив. Збунетите полицајци го напуштиле станот и го предупредиле парот повеќе да не викаат полиција за вакви работи.