Жена која што на „Редит“ е потпишана како Бриџит постирала видео без звук на Редит и побарала помош од корисниците доколку можат да ги дешифрираат зборовите на нејзината мајка, која што починала. Таа го снимила видеото пред три години и случајно го пронашла сега, но забележала дека од некоја причина видеото нема звук.
„Мојата мајка почина пред 3 години. Ги разгледував старите телефони и го пронајдов оваа видео, но од некоја причина нема звук. Доколку некој успее да ми помогне со оваа, би му била бескрајно благодарна.“, напишала Бриџит. Иако е јасно дека има многу емоции во видеото многу е тешко да им се прочита од усните што зборуваат мајката и ќерката. Голем број на корисници на Редит веднаш почнале да работат на проблемот. Некои од нив користеле техники на читање од усни, додека пак други користеле алтернативни методи со помош на технологија и прочистување на аудио снимката.
Еве го резултатот:
Бриџит: „Имаш ли нешто да ми кажеш?“
Мајката „О има ли нешто што сакаш да ти кажам?“
Бриџит „Кажи ми дека ме сакаш“
Мајката „Те сакам. Навистина. Мислам дека го знаеш тоа.“
Исто така во одреден момент жената и вели на Бриџит дека е премногу строга со себе, дури 75% од нејзиното време. Иако другите делови од разговорот не успеале да ги дешифрираат, голем број од користниците на Редит и изразувале сочувство и коментирале дека иако не се слуша незиниот глас во изразот на лицето и се познава колку оваа мајка си ја сакала ќерката.
Бриџит била многу благодарна за помошта и им се заблагодарувала на корисниците. Таа напишала дека иако мајка и не била многу луцидна во последните денови од нејзиниот живот, сепак таа е среќна што овие луѓе успеале да и помогнат подобро да го разбере овој скапоцен момент.