Полицајци од британскиот град Ватфорд морале насилно да влезат во автомобил за да спасат дете кое било заклучено внатре во најжешкиот ден во годината. Испаничените луѓе кои купувале во трговскиот центар „Некст“ повикале полиција откако никој не се јавил на повиците упатени преку озвучувањето на трговскиот центар. Некои од луѓето просто врескале на обезбедувањето да стори нешто за да се извади детето од возилото, бидејќи надвор температурата изнесувала над 30 степени.

Во тој момент пристигнала полицијата и го извадила детето од белиот Нисан, откако еден од присутните луѓе ѝ кажал на полицијата дека се чини дека една од вратите може да се извади без да се оштети возилото. Во тој момент се вратила и несовесната жена која безгрижно си разгледувала низ трговскиот центар, и поради тоа била предмет на жестоки критики од присутните жени.

жн01 жн02 жн03

Сподели на Facebook
пати видено