Жена која се прејадувала за да „се чувствува подобро“ изгуби 70 килограми, откако ја одбиле на ролеркостер. Никола Велс од Ларкфилд, Кент започнала да се прејадува пред една деценија, откако победила друга зависност, алкохолот. Помеѓу 31 и 35 години жената имала 140 килограми.
Брзата храна станала нејзино секојдневие и консумирала околу 5.000 калории секојдневно за да има „добар ден“ и наскоро сфатила дека едната зависност ја заменила со друга.
Откако започнала да пие во 20-тите години, Никола пиела цел ден, секој ден, кога наполнила 30 години, ги изгубила пријателите и работата. Таа знаела дека мора да направи нешто во врска со тоа, па се пријавила на рехабилитација три месеци.
Откако се вартила го започнала „следното поглавје“ од животот, но сега наместо алкохолот, започнала да јаде за „цела Британија“. Сега 41-годишната жена сметала дека тоа е „пореметување во исхраната“ и дека „таква се родила“ и нема што да се направи во врска со тоа.
Никола отпатувала со семејството во Universal Studios во Флорида во 2014 година и едвај чекала да го посети Светот на Хари Потер бидејќи тоа и бил сонот. Но, кога сакала да се качи на ролеркостерот не можеле да ѝ го затворат безбедносниот појас и ѝ кажале дека поради тежината нема да може да се вози. Нејзиниот брат Роб се возел сам, а таа се чувствувала засрамена и понижена и за прв пат ја сфатила сериозноста на нејзината ситуација.
Веднаш штом се вратила дома, Никола започнала да истражува за гастричен бајпас бидејќи „знаела“ дека ова е единствениот начин да ја изгуби тежината. Откако ја направила операцијата во јули 2014 година, Никола не погледнала назад. Во рок од една година ослабнала 44 килограми.
Јадејќи само 1.400 калории на ден, со замена на непромислена храна и чоколадо за пилешки салати и свежо овошје, Никола изгубила 70 килограми и вели дека се чувствува подобро од било кога. Таа извадила и лиценца за фитнес тренер и работи со скратено работно време во локален фитнес центар.