Инцидентот се случил кога Каи и неговата сопруга се скарале откако тој се вратил дома и ја нашол вратата заклучена. Локалната полиција изјавила дека Каи бил бесен бидејќи жена му ја заклучила врата и останала внатре со нивните две ќерки, не сакајќи да го пушти мажот да влезе. Тој ја исекол врата со пила и потоа почнал да ја тепа со тупаници, и покрај тоа што ќерките се обиделе да го спречат.
Во очај, неговата жена Чуонг го зграпчила за тестисите и стиснала – силно. Каи паднал на колена, и таа продолжила да стиска. Слушајќи врисоци во куќата, соседите се стрчале да видат што е работата и ја виделе жената како седи врз стомакот на човекот, се уште стегајќи го за тестисите, додека неговото лице било помодрено. Кога дошла полицијата, таа најпосле се согласила да го пушти.
Но, тогаш Каи паднал во бесознание и кога пристигнал во болница бил прогласен за мртов. Докторите дијагностицирале дека тој се задушил од повраќаниците кои ги повратил во целата агонија. Чуонг се пожалила дека тој постојано ја малтретирал и тепал и дека го стиснала за тестисите сакајќи само да го „предупреди“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!