Понекогаш не знаеме како да се справиме со едно или две деца и повеќето млади семејства се чувствуваат вака често. Што би рекле за 38 деца? Не, ова не е шега. Оваа 39-годишна жена од Уганда родила 44 деца. Таа изгубила 6, што значи дека под еден покрив одгледала 38 деца.

Нејзиното име е Маријам Набатанзи, а животот не ѝ бил лесен. Кога имала само 13 години, нејзините родители ја продале на еден човек кој бил 27 години постар од неа. Тие договориле брак, но Маријам не знаела што се случува додека не ја оставиле во куќата на човекот. Една година подоцна ги родила своите први бебиња, близнаци, следната година, тројка и наредната година година родила четворка.

Бидејќи била само млада тинејџерка, бракот ѝ бил тешко патување на Маријам, таа вели: „Мојот сопруг имаше многу деца од неговите минати врски и морав да се грижам за нив, бидејќи нивните мајки беа расеани насекаде. Тој исто така беше насилен и ме тепаше при секоја можност што ќе ја добиеше, дури и кога ќе предложев идеја која не му се допаѓа.“

Кога имала 23 деца таа одлучила дека е доволно и побарала од лекарите да и направат некоја процедура за да не може повеќе да има деца. Но, по обемното испитување лекарите ѝ соопштиле дека поради проблеми со јајниците секоја постапка ќе го стави нејзиното здравје, па и нејзиниот живот во опасност.

Маријам родила вкупно 44 бебиња, 6 близнаци, 4 сета тројки, 3 сета четворки, а само 2 деца се родени без „копија“. Исто така родила и 6 деца кои веднаш починале. Маријам вели дека не жали за тоа и дека децата се благослов од Бога.

Единственото нешто што ја вознемирува е тоа што нејзините деца растат без нивниот татко. Нејзиниот сопруг честопати исчезнувал со месеци или понекогаш дури и со години, и на крај, ги оставил целосно. Тој никогаш немал никаква улога во воспитувањето на децата, освен што им давал имиња што понекогаш се случувало преку телефонот. Најстариот син, кој има 23 години, вели дека не го видел татко му од кога имал 13 години.

Но, Маријам нема време да се жали или да се сожалува. Таа е посветена целиот свој живот да им даде на своите деца многу љубов и грижа, и да им се обезбеди сè што им треба за иднината. Храната е еден од најголемите трошоци за ова големо семејство, секој ден им требаат 10 килограми пченка или пченкарно брашно, 7 килограми грав и 4 килограми шеќер.

Сите нејзини деца добиваат образование. Една од нејзините првородени близначки станала медицинска сестра, а друг станал квалификуван градител. „Се надевам дека моите деца ќе одат на училиште бидејќи сите имаат големи амбиции да бидат лекари, професори и адвокати. Сакам да ги постигнат овие соништа, нешто што не можев да го направам.“, вели таа.

За да ги покрие своите трошоци, Маријам морала да научи многу различни вештини. Таа собира локални билки за да ги продава, пече колачи, поставува тули, плете плетенки, организира и ги украсува настаните, па дури и прави фризури за невести. „Знам дека овие деца се дар од Бога што треба да го негувам, па затоа се трудам најдобро да ги почитувам.“

Поранешниот Би-Би-новинар Касим Каира слушнал за Маријам и го посетил нејзиното извонредно семејство. Благодарение на него, ние сега знаеме и за неа. Маријам има порака за сите родители во својата култура: „Престанете да ги продавате своите ќерки на мажите за раните бракови. Тие страдаат премногу, а загубата на родителска љубов е нешто од што никогаш не можат целосно да закрепнат.“

„Ќе продолжам да се борам за да се осигурам дека моите деца секогаш ќе имаат храна за јадење. Никогаш нема да ги напуштам, дури и ако страдаме да преживееме секој ден“, рече оваа неверојатна мајка. Во нејзиното интервју за Касим, Маријам им дала совет на сите мажи: „Не заборавајте ја вашата одговорност, бидејќи бракот е заедничка одговорност и за воспитување на вашите деца.“

Животот на оваа жена бил премногу тежок и се надеваме дека нејзините деца ќе станат успешни луѓе за да може и таа малку да седне и да се одмори.

Сподели на Facebook
пати видено