Пред 6 месеци една жена го изгубила својот сакан брат. За да се чувствува подобро, од тага често му пишувала пораки на неговиот број, кажувајќи му убави зборови кои сметала дека треба почесто да ги кажува.
Секако бројот сѐ уште не бил доделен на друга личност и таа не примала пораки за возврат. Но, еден ден добила повратен одговор од непозната личност.
Жената која ја споделила својата приказна на Редит, вели дека се „исплашила“ затоа што ова значело дека ќе мора да престане да му пишува пораки на нејзиниот брат. Но, наместо ладен одговор жената добила голема утеха од личност во слична ситуација од другата страна.
Сестрата напишала порака: „Едноставно многу ми недостасуваш. Господи. Што по ѓаволите.“, на што добила повратен одговор: „Жал ми е што некој ви недостасува, но за жал го имате погрешниот број.“
Жената одлучила да ја раскаже својата причина и ја пратила следната порака: „Знам, ова беше бројот на мојот брат и тој почина во март. Само сакав да пишувам на неговиот број како да може да ме слушне. Извинете.“
Тогаш непознатата жена ѝ раскажала дека и таа поминува низ сличен процес: „Нека не ти биде жал!! И јас поминувам низ слична работа моментално. Мојата роднина која ми е како сестра не е добро и се очекува да почине неккој од овие денови. Затоа целосно разбирам. Слободно пиши во било кое време кога имаш потреба. Ти праќам многу љубов.“
Жената ѝ се заблагодарила и вели дека ѝ е многу мило што има сѐ уште вакви добри човечки суштества во светот.