Снимката од сообраќајната камера од бизарниот инцидент покажува дека жената се крие зад еден ред грмушки на патот. Тогаш во нејзината насока се движи бел автомобил, а таа намерно се фрла пред него. Сепак, тајмингот и бил малку погрешен и се повреди повеќе, отколку што сакаше.

Ваков вид на измами се многу чести во Кина и се нарекуваат „пенг чи“ што во буквален превод значи „допирање на порцелан“. „Жртвите“ се фрлаат пред автомобилите кои не возат со голема брзина и потоа глумат повреди за да земат оштета.

Според локалните медиуми жената претрпела сериозни повреди, а полицијата го истражува случајот. Доколку се докаже нејзината измама, таа нема да добие оштета за повредата, а исто така може да биде и казнета.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено