Јулин, град во јужна Кина, летната рамнодневница ја прославува со фестивал кој вклучува колење и јадење на над 10.000 кучиња. Не сите во Кина го поддржува ова, но 65-годишната Јанг Ксиајун, пензионирана учителка која управува со засолниште за животни во Тианџин, измина пат од над 2400 километри и потроши околу 1000 евра за да спаси 100 кучиња од сигурна смрт.
Во некои делови од Кина има долга традиција за јадење на кучешко месо, иако ова е почест случај во јужниот дел од Кина. Овогодинешниот Јулин фестивал, кој се одржа на 20. јуни, навлече особен гнев од меѓународната заедница. Активисти од Кина, меѓу кои и Ксиајун, исто така одговорија со протести против организаторите на фестивалот и непотребната суровост и измачување на животните.
Во Кина има различни ставови по однос на ова прашање, сепак се работи за долга традиција којашто е дел од кинеската култура. Во Јапонија на пример, во градот Таиџи има фестивал за време на кој се убиваат 20.000 делфини, или замислете кај нас да се покрене иницијатива против колење на прасиња и јагниња за Велигден. Но, сепак е добро што има луѓе како Ксиајун кои се решаваат на вистинско дејствување и кои разбираат дека и животните се живи суштества, и тоа шпо ние сме поразвиени и помоќни, не значи дека имаме право да уништуваме сѐ што ќе посакаме.