– Госпоѓо, грешка сте, јас сум ветеринар, лекувам животни… Вие треба да одите во болница.
– Јас ли сум грешка? Кога се разбудам наутро изгледам како искубана кокошка. На пат за работа се бесам како мајмун по автобусите. Во фирмата работам како магаре, после ги влечам торбите како вол.
Мажот ми навечер ми вика: „Ела маченце“, а сабајле „станувај краво“…
Јас ли сум грешка???