Иако, сега поранешниот сопруг на Бренди Ли бил оној кој што ја изневерувал, во Пенсилванија не постои закон за ова и таа била обврзана да му исплати 7.000 евра во такси за развод и судски трошоци, иако на неа ѝ била направена неправда.
Мислиме дека повеќето луѓе би се согласиле дека ова навистина не е во ред, но мајката на две деца решила да не се обесхрабрува и пронашла начин како да му се „одмазди“ на сопругот.
Бранди Ли објасни дека отишла во локалната банка и ја раскажала својата приказна пред тамошниот персонал, кои биле повеќе од подготвени да помогнат во нејзиниот план. Таа одлучила да му исплати 7.000 евра на сопругот, но во МОНЕТИ!
Бренди го фатила на дело својот сопруг како ја изневерува со сопругата на неговиот најдобар пријател, за која жената вели дека јадела со нивните две деца и присуствувала на нивната венчавка. Брачната двојка отишла на суд за развод за да стави крај на нивната врска, каде лутата сопруга го презираЛА мажот бидејќи ја изневерувал и ги напуштил своите две деца и нивниот дом.
Судот иако наредил да му се исплатат 7.000 евра сепак не потенцирал на кој начин да биде исплатена сумата. Со цел да му врати, сопственичката на фарма смислила ваков план.
„После некои истражувања, дознав … дека дајмс тежат најмалку и веројатно би можела да се справам со тоа. 7000 евра тежат 160 килограми, ако некого го интеренсира.“, вели Бренди.
Уште повеќе, Бранди рече дека банката прифаќа промена само доколку монетите се завиткани, што значи дека „ентизијастот“ ќе мора да ги мота монетите посебно доколку сака да ги добие своите пари.
За крај Бренди вели: „Па маженце… Кога ќе седиш дома и ќе си ги виткаш паричките можеби ќе одвоиш време и ќе размислиш колку беше тежок мојот живот откако ме напушти мене со две мали деца, две фарми со кои треба да управувам и без да дадеш приход за твоето семејство. Колку е тешко за твоите две деца, бидејќи не си со нив и размислувај за тоа колку те сакав и како очигледно ме излажа додека ме гледаше во очи и ми ветуваше дека ќе биде заедно засекогаш.“