До сега повеќето од нас научија не може секогаш да се погоди што ќе се случи по некое едноставно дело. Интернетот само сака да ги избере најсреќните работи и да им даде неверојатно големо внимание. Значи, кога нешто сосема случајно станува позитивна сензација тогаш зошто да не се поддржи?
Еден маж објавил фотографија од неговата мајка, која држи слика, што самата ја насликала. Тој барал коментари од луѓето да му кажат дали им се допаѓа сликата, бидејќи неговата мајка мислела дека нема да му се допадне на никој.
Фотографијата ја видел шведскиот уметник Кристофер Зетерстранд и тој одлучил да ја наслика самата фотографија во чест на жената и нејзиниот талент.
На луѓето многу им се допаднала идејата на Кристофер и сите продолжиле по неговите стапки, да ја сликаат личноста на фотографијата, која држи слика, на која е претставена друга фотографија во вид на слика. Не се знае колку ќе трае воој синџир, но жената сега може да биде спокојна бидејќи многу луѓе се инспирирани од нејзината слика.