Благодарение на една жена, илјадници деца во прифатилиштата за бездомници во Њујорк ќе бидат пријатно изненадени овој Божиќ.

Секоја година, Керол Сакман се труди да купи играчки и да ги подари на бездомните деца за празниците. Оваа година таа се надминала себеси така што купила цела продавница за играчки за да ги подари играчките на илјадници деца бездомници во Њујорк. До благородната идеја дошла кога во нејзиното соседство Вест Вилиџ забележала знак „Се затвора“ врз прозорецот на продавницата. Откако успеала да се договори за пристојна цена, ја купила целата продавница заедно со играчките во неа. Илјадници играчки, плишани животни, прибор за училиште и слично оваа зима ќе ги израдуваат децата бездомници, и сето тоа благодарение на оваа жена со добро срце.

zena

Сподели на Facebook
пати видено