Една жена, која живее со своите родители, покажала како е да се живее со мајка која е „собирач“. Младата жена, од Мексико, ги сподели фотографиите на Фејсбук и нејзината објава привлече големо внимание.
Таа напишала дека веќе 2 години живее со своите родители, за да помогне во плаќањето за третманот за рак на нејзиниот татко.
Жената објаснува дека нејзината мајка е „собирач“, односно личност која собира непотребни работи во прекумерна количина. Таа е била дома 4 дена и кога се вратила ја пречекал голем хаос.
„Живеам со моите родители веќе 2 години за да им помогнам со сметките за третманот за рак на мојот татко…мојата мајка не работи и одбива да работи. Поголем дел од моите пари одат на кирија и сметки и штедам за да се преселам наскоро… мојата мајка е собирач и седи дома и очекува јас да чистам за да си го заслужам престојот тука…бев да чувам куќа 4 дена и еве на што се вратив дома, веќе ги средив садовите бидејќи беа наредени до плафонот и фрлив дел од храната која станала грозна, по сетоа ова мојата мајка влезе во кујната и се закани дека ќе го пушти моето милениче, птица затоа што сум ѝ го гребнала тавчето, за да научам подобро да се грижам за работите.“, напишала жената.
Таа добила голем број на утешни коментари од други луѓе кои поминале или поминуваат низ истиот пекол.