Аманда Тејг од Северна Ирска вели дека таа постхумно се омажила за својот љубовник „Џек“ во меѓународните води во 2016 година, па бракот може да се смета за легален. Всушност нејзиниот сопруг е дух на пират, кој живеел пред 300 години.
Но, секако не може сѐ да оди како подмачкано кога ќе се омажите за дух, па несреќната 46-годишна жена морала да се разведе за да си го спаси животот.
Жената вели дека почнало да ја интеренсира натприродното откако починал нејзиниот син во 2010 година. Пет години подоцна го „запознала Џек“. По неколку месеци тие станале многу блиски и решиле врската да си ја крунисаат со брак. Но, како што одминувало времето Аманда почнала да приметува нешто чудно.
Нејзиното здравје почнало да се влошува. Таа вели: „Ова траеше речиси две години. Моето здравје само се влошуваше на полошо и уште полошо, се до крајот на минатата година, кога завршив со сепса, во јуни и речиси умрев. Морав да имам итна операција.“
46-годишната жена вели дека се разбира во духовна поврзаност и опседнување и затоа била убедена дека нејзиниот „сопруг“ ја користи за да се храни со нејзината душа.
„Џек во основа беше енергртски вампир. Кога умираме, нормално е да останеме во царството што нѐ поврзува со Земјата за период, но кога духовите остануваат премногу долго, им треба извор на енергија. И за жал Џек ме користеше како извор на енергија. Тој никогаш не ја прифатил својата смрт, па затоа сакаше да продолжи да живее преку моето тело.“, објаснува Аманда.
Аманда вели дека имало многу „црвени знамиња“ кон крајот на нивната врска, вклучувајќи го и брзото опаѓање на здравјето, и така кратко време по нејзината спасувачка операција сфатила дека мора да се „разведе“ од нејзиниот сопруг. Потоа направила егзорциам и се ослободила од него.
Таа вели дека повеќе воопшто не се занимава со мистицизам бидејќи има голем број на негативна енергија таму.