Хајди Лавон, која израснала во Фербанкс, Алјаска вели дека нејзината зависност од дрога во тинејџерските години била од „досада“ затоа што „темната, студена и оддалечена“ област била причина да започне да пуши трева која имала само 12 години.

Експериментирала со печурки, потоа екстази, пред да премине на потешки дроги како што се мет, кокаин и кранк. Откако претрпела насилство и злоупотреба во нејзините помлади години, Хајди решила да се „исчисти“ и никогаш повторно да не се врати на своето зависничко минато.

Таа сега им наплаќа на брендовите од 300-600 долари за објава на Инстаграм, а некои ѝ плаќаат и месечна плата од 2.000 до 4.000 долари. Девојката својата адолесценција ја опишува како „тажна“ бидејќи е страшно колку дрогата била пристапна за едно 12-годишно дете.

„Ми беше преку глава да гледам како моите пријатели умираат, или завршуваат во затвор. Ми беше преку глава да бидам болна, да бидам без пари, од разочарувањето од моите пријатели и семејство. Порано буткав сѐ што ќе видев во носот. Откажувањето е најдоброто нешто што можев да го направам за себе. Имам толку многу јасност сега.“, вели Хајди.

Хајди вели дека големо влијание за нејзиното опоравување имал нејзиниот свршеник Џејмс кој е ветеран на американската армија, кој служел во Ирак и Авганистан пред да му биле ампутиран дел од ногата. И тој исто така е модел со тетоважи и со Хајди се запознале на фотосесија.

Сподели на Facebook
пати видено