Луѓето со алергии на домашни миленичиња знаат што е тешка одлука да имаат домашно милениче, кога секој контакт со животно предизвикува да страдаат. Меѓутоа, за Кејтлин Чимини, од Њу Џерси, ова никогаш не било проблем.
И покрај тоа што е сериозно алергична на животните, таа досега спасила стотици, и изгледа дека не планира да престане во скоро време. На нејзиниот ранч ги собира напуштените или повредените суштества и им дава целосна љубов и грижа, која што може да ја пружи.
Како започнало сѐ
Кејтлин Чимини секогаш сакала животни. Како девојче, таа го поминувала своето лето со коњи, а подоцна, учествувала во проекти за спасување и рехабилитација на животни. Еден ден таа спасила див Мустанг кој требал да се продаде во кланица.
Спасувањето на диви коњи била тешка работа бидејќи Кејтлин морала да ги комбинира тренинзите со нејзиното полно работно време. И покрај тешкотиите, таа сфатила дека помагањето на животните во неволја е нејзината мисија. Таа продолжила да им подава рака за помош на напуштените и малтретирани животни, привлекувајќи други луѓе кои, исто така, сакале да го дадат својот придонес.
Ништо не можело да ја спречи оваа посветена жена да им помогне на животните во опасност
Кејтлин знаела дека е алергична на сите видови животни, освен на кокошки, пред да почне да им помага. Нејзината бескрајна љубов кон животните ја натерала Кејтлин да заборави дека нејзините раце и лице се прекриваат со плускавци, а во 2013 година отворила засолниште за напуштени и повредени животни кое го нарекла Ранчо Релаксо.
Кејтлин не е навикната да се жали на нејзината физичка состојба, и само еднаш таа објавила фотографија на Фејсбук на која што се гледала алергиската реакција што ја добила. Во пост, Кејтлин објаснила дека нејзиното тело е покриено со црвени плускавци најмалку еднаш неделно и изгледа прилично лошо. И покрај физичката реакција што ја има, оваа храбра жена вели дека нема да го промени она што го прави ниту на еден момент.
„Кому му е гајле како изгледам? И малку да ме чеша и да бидам иритирана не е ништо во споредба што преживуваат животните на фармите. Јас повеќе би сакала да страдам благо засекогаш отколку животните што веќе ги спасивме да страдаат уште.“, вели Кејтлин.
Досега, Кејтлин ги спаси животите на повеќе од 300 животни!
Тоа е речиси неверојатно, но е вистина. Постојаните „граѓани“ на засолништето се коњи, кози, кокошки, свињи, мачки и многу други, секој од нив има своја тажна приказна со среќен крај.
Прасето по име Алба било спасено од лабораторија каде што било тестирано како реагира на изгореници. Коза по име Сузан била одземена од еден земјоделец кој изјавил дека е бескорисна бидејќи не можела да се справи со бременоста и ги влечела задните нозе.