Жена која имаше интимна врска со Статуата на слободата сега има нова љубов. 35-годишната Аманда Либерти од Лондон е „објектофил“ и очигледно по романсата со Статуата на слободата во Њујорк решила да се префрли на нешто малку „по лесно достапно“.
Аманда сега се верила за лустер. Таа се вљубила во 100-годишен Лумиер лустер за кој таа признава дека „е премногу голем за да го однесе во кревет“.
„Јас едноставно не одлучив ‘Ох ќе се заљубам во лустер денес’ Не. Тоа едноставно се случи. Тоа беше потполно водено од моето срце.“, напишала таа на Фејсбук.
Нејзиното патување започнало со комплет тапани кога имала 14 години и во нејзините доцни 20-ти години го сменила презимето за да одговара со најпознатата статуа на Америка. Но врската се распаднала во 2016 година кога Аманда решила дека е подобро да останат пријатели, поради „врската на далечина“.
„Јас дури и не го разбирам целосно, но сепак го прифаќам како дел од тоа што сум. Моите лустери ме прават толку среќна и исполнета со радост.“, вели таа. Аманда дури има соништа во кои работи како чистач на кралските лустери.
Таа се надева дека ќе се омажи за Лумиер, за кој што вели дека е жена, во блиска иднина и редовно ги објавува информациите за нивниот живот на социјалните мрежи.