Жителите на англискиот град Ворчестер беа запрепастени кога ја видоа шокантната глетка на гола жена клов, која сосема спокојно си се прошета по улиците на градот, среде бел ден. Жената носела црвен кловновски нос, а целото тело ѝ било бојадисано со бела боја. Дел од локалните жители се исплашиле, бидејќи отпрвин ја поврзале со бранот на кловнови убијци – манија која ја зафати Велика Британија во текот на октомври минатата година.

Еден од шокираните пешаци успеал да ја слика жената кловн додека се шетала во близина на реката Севрн. На крајот се покажало дека жената всушност е локална уметница која извела необичен перформанс. Од полицијата соопштиле дека не биле пријавени никакви инциденти во врска со жената кловн.

Сподели на Facebook
пати видено