Понекогаш животот нуди некои прилично луди изненадувања, кога најмалку ги очекувате. Токму тоа му се случило на семејството Карлес. Шансите жена да зачне по природен пат идентична четворка се 1 во 64 милиони!
Џули и Хозе се венчале во 2005 година и во 30-те години сонувале да имаат дете заедно. По една година брак, двојката посетила лекар и дознала дека имаат проблеми со зачнување, веројатно поради возраста на Џули. Медицинските тестови покажале дека природна бременост е малку веројатна. Џули и Хозе почнале да истражуваат различни методи за да го решат овој проблем и испланирале да пробаат со ин витро оплодување. Во тој период Џули забременила по природен пат.
Семејството било многу среќно и веднаш почнале да се поготвуваат за доаѓањето на бебето. За време на првиот сонограм лекарот ѝ рекол на Џули дека носи повеќе деца. Џули и Хозе се насмеале бидејќи мислеле дека лекарот зборува за две бебиња, близнаци. Тие дефинитивно не очекувале дека во Џули растат четири бебиња.
По првичниот шок, Џули и Хозе се фокусирале на позитивната ситуација и се надевале дека ќе се запознаат со нивните бебиња. Бременоста не била лесна и докторите ја предупредиле двојката дека шансите за преживување и добро здравје на нивните бебиња биле само 20%. На идните родители им била понудена селективната бременост, односно од 4 бебиња, да се „остават“ само 2, за да се зголемат шансите за преживување.
Подоцна, лекарите сфатиле дека што и да направат на едно од бебињата, може да им наштети на другите 3, па Џули и Хозе одлучиле да ги имаат сите 4. Четворката се родила во 29-тата недела од бременоста со итен царски рез. Секое девојче тежело помалку од 1.361 килограми. По 8 недели во болницата, девојките конечно се вратиле дома.
Новороденчињата, Џесика, Холи, Џорџи и Ели, биле генетски идентични. Додека девојчињата не наполниле 1 година, Џули можела да ги разликува само своите ќерки, така што ги пишувала нивните иницијали на нозете. Одгледувањето на четирите девојчиња не е лесно, потребно е многу време и напор. Но, Џули и Хозе не можат да го замислат нивниот живот без нив.
Џули е 1 од само 27 жени во светот кои природно зачнале идентични четворки. Што е уште поретко, девојките се монохориони, што значи дека 1 оплоденото јајце создало 4 идентични ембриони. Ембрионите ја делеле истата плацента.
Четворката поминува многу време заедно, тие се неразделни. Девојките имаат неверојатна меѓусебна силна врска. Обично, носат слична облека, чевли, фризури и ги имаат истите играчки. Иако сите се идентични, тие имаат различни личности. Секоја од девојките е уникатна на свој начин.
Моментално девојчињата се во основно училиште и учат во различни одделенија за да можат да се осамостојат за прв пат. Малата Џорџи објаснува како е да се биде дел од идентична четворка: „Различно е, бидејќи никогаш не сум сретнала во животот идентична четворка, се чувствувам малку чудно. Но, научив да живеам со тоа, што е прилично супер.“