Жена од Кина во нејзините 30-ти години сакала да направи бесплатно тест возење на BMW X1, вредно 50.000 евра, во застапништво во градот Гуангжу. Откако завршила со тест возењето жената, со која во автомобилот бил и еден од претставниците на салонот, сакала да го паркира автомобилот на паркингот пред салонот.
Но, наместо кочница жената ја нагазила педалата за гас, изгубила контрола и влетала директно во салонот. Во инцидентот биле повредени двајца вработени во салонот, а жената и совозачот, вработен во салонот, останале неповредени.
Компанијата за осигурување на застапништво во моментов ја проценува штетата и жената се согласила да ја прифати целосната одговорност за несреќата.