Сериозен медицински проблем ја спречил Меди Колман да го износи своето дете, а не можела да си дозволи сурогат-мајка. Тогаш на помош притрчала мајката на Меди која на крај го родила сопствениот внук. На меди ѝ е дијангостициран Мајер-Рокитански-Кустер-Хаузеров синдром кој се среќава кај жените и се однесува на системот за размножување. Јајниците ѝ биле изложени на ризик од појава на тумори и поради тоа не можела да износи здраво бебе. Нејзиниот сопруг ТЕјлор веднаш се согласил со планот.

bb03 bb01

„Мислам дека не можев да се омажам за подобар маж. Уште од самиот почеток на нашата врска тој знаеше дека јас нема да можам да имам деца и кога му го предложив ова решение, тој веднаш се согласи“, споделува Меди. „Беше нереално. Знаев дека мама е бремена, но сѐ стана вистинско кога го видов бебето и имав можност да го подржам“, раскажува таа.

bb02

„Ова беше најубавото нешто кое сум го направила во животот, бидејќи за тие девет месеци добив нешто вистинско, а Меди и Тејлор ја имаа можноста да го преживеат тоа со мене. А откако се роди Гас, да ги видам нив двајца како мајка и татко беше нешто прекрасно“, споделува Меган Баркер, мајката на Меди.

bb04

Сподели на Facebook
пати видено