Фејсбук открива секакви работи за луѓето, но Аманда Креигтон била шокирана кога добила предлог за пријателство од Фејсбук со сопругата на нејзиниот вереник. Аманда мислела дека и се случило најлошото, но тогаш ја отрила целосната приказна.
32-годишната мајка, од Њукасл, Англија, се запознала со Крис Вокер на веб-страницата „Бесплатно запознавање“. Таа само што се разделила со нејзиниот сопруг со кој била во брак 10 години и кога почнала да пишува со Крис решиле да стапат во врска. Таа вели дека кога прв пат се запознале 38-годишниот Крис бил вистински кавалер и првиот состанок го завршиле со бакнеж. По четири месеци Крис заминал на службен пат, на цели 6 недели и кога Аманда побарала да оди со него тој ја одбил под изговор дека ќе биде многу зафатен со работа.
Наместо на службен пат Крис бил со неговата сопруга коај во тој период го родила нивното дете. Кога се вратил од „службеното патување“ Крис станал ладен со Аманда и ја игнорирал, а кога таа решила да се соочи со него за да види во што е проблемот, тој клекнал и ја запросил. „Бев шокирана и веднаш му го простив чудното однесување. Помислив дека е стрес од работа.“, вели Аманда. Во наредните 6 месеци таа почнала да ја планира нивната свадба.
Еден ден Аманда забележала нешто чудно во листата со предложени пријатели. Таа го препознала Крис на профилната фотографија со друга жена. „Го препознав Крис од фотографијата и кликнав на профилот. Ми се слоши кога видов слика од Крис и друга жена како стојат прегрнати.“, вели таа. Аманда открила дека освен што е оженет Крис, не му е вистинското име туку нејизниот сакан се вика Паул МекХуг. Таа се соочила со него преку телефон но тој и ја слуштил слушалката. Затоа решила да ја извести неговата сопруга.
Сопругата на Паул не и верувала и и пишала да се држи настрана од нејзиниот сопруг и да не се обидува да уништува туѓи животи. Но, тука не е крајот на приказната 6 месеци по инцидентот Крис(Паул) и се вратил на Аманда за да ја моли да му прости и и кажал дека ја напуштил сопругата. Аманда му поверувала и му простила.
„Се уште го сакав затоа и дадов на нашата врска уште една шанса. Но потоа почна пак да исчезнува. Кога се соочив со него тој ми призна дека уште е заедно со неговата сопруга. Не ми се веруваше дека му простив. Срцето му се скрши и бев бесна, повторно го избркав.“, вели Аманда.
Кога помислила дека ова е крај на животната драма работите станале уште покомплицирани. Аманда открила дека е бремена од Крис. Таа решила поради нивната ќерка Моли, која сега има 1 година да одржи цивилизиран однос со Крис. Но, тогаш Фејсбук и открил уште една шокантна работа. Една девојка го означила Крис во пост каде што објаснува дека тој е измамник и дека искористува неколку жени во исто време. Кога Аманда го прочитала постот се надоврзала со девојката во коментарите, а подоцна ја исконтактирале уште 2 ќени кои и кажале дека Крис бил и со нив во периодот кога тие биле заедно.
Паул имал неколку профили под името Крис и се запознавал со повеќе жени. На Аманда уште не и е јасно како тој успеал толку вешто да манипулира со сите нив. Таа сега има нов партнер, но вели дека и е потребно време за да почне повторно да им верува на мажите.