Една девојка од Кина си купила куќа откако ги убедила своите 20 љубовници да ѝ купат по еден ајфон. Овој случај се нашол на насловните страни во Кина, откако нејзината пријателка ја споделила приказната на својот личен блог. Ксиаоли, жена од градот Шензен во јужна Кина, наводно побарала од секој од нејзините 20 љубовници да ѝ го купи новиот iPhone 7, што тие и го сториле.

tf

Блогерката пишува дека нејзината пријателка „не е од богато семејство. Нејзината мајка е домаќинка, а нејзиниот татко е работник мигрант. Таа е најстарата ќерка. Нејзините родители стареат и таа можеби е под притисок да им купи куќа… Но сепак, неверојатно е што можела да се послужи со овој метод!“

Коментаторите не можеле да се изначудат. Една корисничка на сајтот напишала:

„Јас не можам да најдам ниту едно момче, а таа нашла 20 и сите ѝ го купиле најновиот ајфон! Нека ме научи и мене!“

Други ја обвиниле дека е бесрамна, трети ја довеле автентичноста на случајот во прашање, сметајќи дека е маркетиншки трик.

Сподели на Facebook
пати видено