Дали сте знаеле дека и животните можат да се „напушат“, сепак тие не уживаат во тоа исто како и луѓето, или можеби уживаат, но не сме ги прашале. Две мачки од Масачусетс имале врвно искуство со канабис.
Сопственичката на мачките имала неколку растенија канабис во саксии, кои ги чувала во нејзината куќа. Кога се појавиле проблеми со растенијата поради недостаток на светлина, жената ги оставила надвор.
Тремот бил достапен за нејзните мачки и кога слушнала врева ги пронашла турнатите саксии а уништените и полу-изедените растенија, марихуана биле насекаде расфрлани низ дворот. Како и секој добар корисник на социјални медиуми, таа снимила што се случило со нејзините сакани канабис растенија.
Нејзините две мачки мрзеливо излегле под масата и почнале да се тетерават, а пред тоа биле целосно скаменети. Мачките изгледаат прилично смирени и не се многу погодени од ситуацијата. Според Роналд К. Сигел, кој ја напишал книгата „Интоксикација: Универзален двигател за супстанции за менување на умот“, многу животни се свесни дека одредени растенија нудат различни начини за да бидат хај. Тој забележал дека многу различни видови се враќаат на одредени растенија, за да ги доживеат истите промени во животот повторно и повторно.
Постојат повеќе случаи кога животни консумирале канабис. Само минатата година стадо „напушени“ овци тероризирале едно село во Велс. Овците предизвикале хаос откако паселе еден куп растенија од марихуана. Според сведоците, овците почнале да се шетаат по улиците во безнадежност, трчале пред автомобилите, па дури и влегувале во дворовите на селаните.