Денес на Јутуб може да се најде сѐ и сешто, секакви блогери кои рекламираат и промовираат секакви производи.
Но, би се изненадиле за што се спремни луѓето да платат. 22-годишната блогерка Чарна Роули дала од отказ од својата работа како администратор за да може да заработува пари на Јутуб и преку нејзините видеа.
А нејзините видеа се толку обични, што е необично некој да сака да плати за нив. Девојката јаде пред камера. Чарна е полничка девојка која сака да јаде големи порции храна и решила да заработи од нејзиниот голем апетит. Таа јаде секаква брза храна, сендвичи, пици, кинеска, индиска храна и тоа во огромни количини.
Таа има за цел да стане најпопуларниот „Mukbang“ во Бртитанија. Ова е тренд во кој луѓето се снимаат како јадат храна и комуницираат со публиката. И таа ќе јаде апсолутно се што нејзините фанови бараат од неа на нејзината страница, Charnation. Таа комбинира јадење со ASMR – автономна сензорна реакција на меридијан, што е чувство на благосостојба како одговор на одреден звук – и успешно изгради армија од следбеници над нејзините различни страници на социјалните мрежи.
Чарна мментално има околу 40к прегледи и по околу 5к следбеници и планира да заработува на големо откако ќе случи договори за спонзорство со поголеми компании. Во едн свое видео таа јаде кинеска храна која има 5000 калории.
Бидејќи се откажала од својата работа со полно работно време за да си овозможи повеќе време да посвети на своите видеа, Чарна во моментов работи со скратено работно време како асистент во складиште за да заработи пари, но се надева дека ќе може да работи на нејзиниот канал на YouTube трајно за многу кратко време.
Иако луѓето ѝ велат дека е дебела и дека би била поубава доколку не јаде толку девојката вели дека ги игнорира „хејтерите“ и дека нејзината работа ја прави посамоуверена.